Nach oben

Вицови Извор

 

Nach oben
Помош во Калугерица
Вицови Извор

kostenlose counter

 

 

 

Vicovi, Sali,Segi i izreki

 

 

Одлучиле газдите на една фирма за вино да го зголемат прометот и отишле в црква да го замолат попот:
-Може ли ти попе кога ќе ја кажуваш молитвата наместо "Дај ни боже леб наш насушен" да смениш и да биде "Дај ни боже вино"?
-А не знам јас тоа, ќе морате да го прашате Св. Петар.
Отишле после овие кај Св. Петар, му објасниле за што се работи и го замолиле да ја измени молитвата.
-Ќе морате вие да одите кај Господ, сепак тоа е молитва и не можам јас тоа да решам.
Отишле и кај Господ, а овој кога ги ислушал им рекол:
-Само еден момент морам да се јавам кај Св. Петар да го прашам нешто...Слушај Перо, абе до кога ние имавме договор со оние од пекарата?

 

Сообраќаец сопрел некој возач кој му бил сомнителен...
- Дувнете овде ве молам - му вели на возачот, подавајќи му балон за алко-тест.  - Не можам, имам астма, еве лекарско уверение...  - Тогаш ќе морате да дојдете со мене во станица за да ви земеме крв. - Не може ни тоа, имам хемофилија.  - Ајде тогаш одете по белава линија десетина чекори.  - Не можам, пијан сум. 

 

Го прашува бабата малиот Трпе:
- Абе внучко, како се викаше оној Германецот шо ни ги крие работите по дома?
- Алцхајмер бабо, Алцхајмер!

 

Ја прашале плавуша како се вика стручњак за вулкани, а таа одговорила:
- Вулканизер!

 

 - Зошто лавовите и тигрите во скопската зоолошка градина се толку исушени?

 - Држат диета за да избегаат меѓу решетки!

 

Трпе си ја однел ќеркичката на работа. И кога се вратиле таа го прашува:
- Тато, зошто твојата секретарка ја викаш кукла?
Трпе засрамен објаснува:
- Па, види, таа е многу добра секретарка, брзо куца, знае многу добро да работи на компјутер и многу убаво кафе вари. Е затоа ја викам кукла.
- Ааааа, а јас мислев затоа што ги затвара очите кога ќе ја легнеш!

 

Отишла Трпана во селската црква да се исповеда.
- Оче згрешив, се сексав со попот Ставре од другата црква. Голем грев ли е тоа?
- Најголем ќерко, ти припаѓаш тука, на оваа црква!

 

- Ако сум мала, ама цело село облекувам.

- Одговор: Игла

 

- Баба мочна, дедо ја затна.

- Одговор: Чеп на бочва или каца

 

- Долга Мара сенка нема.

- Одговор: Река

 

- Една чавка со цревата надвор.

- Одговор: Кантар

 

- Бела Рада по рид паси.

- Одговор: Маглата кога лази по ридови

 

- Кусо прасе по рид пасе.

- Одговор: Брич

 

- Ни предено, ни ткаено, и пак е платно копринено.

- Одговор: Пајажина

 

- Сите луѓе во зелено, царо во црвено.

- Одговор: Трендафил

 

- Црвен... на тарунец.

- Одговор: Црвена пиперка

 

- Црно мече газо си пече.

- Одговор: Ѓумале

 

Двајца мажи излегле со своите жени низ чаршија да се прошетаат, но ги изгубиле...
И почнале да ги бараат. Барајќи ги жените и двајцата се судриле. Првиот рекол: Извини, те молам, ама збунет сум оти ја загубив жена ми.  Вториот рекол: Извини и ти, но и јас ја загубив жена ми.  Првиот рекол: Ако е така, тогаш да ги бараме и двајцата, но треба да ми кажеш како изгледа твојата жена,  јас ќе ти кажам како изгледа мојата, па ќе ги најдеме полесно. Другиот почнал да раскажува: Жена ми е слаба, висока, убаво градена, русокоса со сини очи, нашминкана, со мини здолниште. А твојата?  -Остај ја мојата ајде да ја бараме твојата. 

 

 - Може ли плавуша мажот да го направи милионер?

 - Секако дека може, ако мажот е милијардер!

 

 - Продавам рено 4 во делови!

 - Oд Пржино до Топанско!

 

 - Зошто Дејвид Коперфилд треба да дојде во Македонија?

 - За да научи како пред очите на два милиони луѓе исчезнуваат милијарди евра.

 

Финале на светско првенство во фудбал. Целиот стадион распродаден уште пред 5 месеци, а Трпе седи до празно место. Приоѓа некој и со чудење го прашува Трпе.
- Абе, дечки кој будала не дошол да го гледа финалево?
- Тука требаше да седи жена ми, ама бог да ја прости умре, и така...
- Па не можеше да ја дадеш картата на некој роднина или пријател?
- Не бе, сите се на погреб!

 

Трпе се јавува на брза помош:
- Ве молам доаѓајте брзо, син ми голтна кондом!!
После 5 минути ете ти го Трпе пак се јавува во врза помош.
- Еј, слушајте, не доаѓајте најдов друг кондом!

 

Дотрчува жена дома цела среќна и на цел глас вика:
- Мили, пакувај ги торбите, добив на лото. - Стварно? Па тоа е одлично душо! Да пакувам алишта за на планина или за на море?  - Ма какви сакаш спакувај, само губи се да не те гледам.

 

Во купе во воз заедно се возеле Грк, Трпе, баба од Австралија и млада плавуша. Возот влегол во тунел и за неколку секунди во темницата се слушнал силен, сочен шамар. Кога возот излегол од тунелот, Гркот имал црвен образ. Никој не прозборел.
Бабата мислела:
Грков мора да ја фатил плавушата па таа му опнала шамар.
Плавушата мислела:
Грков сакал да ме фати во темницата ама ме утнал и ја фатил бабата и таа му врзала шамар.
Гркот мислел:
Македонецов изгледа ја фатил плавушава таа сакала да му удри шамар ама го промашила и ме удри мене.
Трпе мислел:
Едвај чекам да дојде друг тунел и пак да го ишамарам Грков!

 

Дошол некој богаташ на испит и професорот му поставува прашање:
- Каде е фрлена првата атомска бомба? Овој нема поим, му плаќа на професорот, го положува испитот и си оди. После него доаѓа некое сиромашно момче.  И нему истото прашање. - Каде е фрлена првата атомска бомба?  - Во Хирошима и Нагасаки. - Кога колега? - Во 1945. - Колку луѓе загинале? - Три милиони  - Имињата колега, имињата!

 

Малиот Трпе му вика на татка си.
- Тато ај да ја продадеме мама?
- Е што ти текна?
- Е па ја више не ја цицам, ти не ја работиш, а ја храниме само за комшиите!

 

- Врвовите надоле, корењата нагоре.

- Одговор: Брада

 

- Трудна жена оро играт.

- Одговор: Вретено

 

Се возат две плавуши во фиќо...
Фиќото почнало да трокира. Едната русокоса ја отвора  хаубата: - Па ти немаш мотор! Другата отвора позади. - Уф, еве резервен!

 

- Живо свиено со игли набиено.

- Одговор: Еж

 

- Црвен прч в пештера лежит.

- Одговор: Јазик

 

Ева: Адам дали ме сакаш?
Адам: Ма јок!
Ева: (плаче) Тогаш зошто сакаш да водиш љубов со мене?
Адам: А гледаш ти некој друг околу нас!?

 

- На врв бука две ветрила.

- Одговор: Уши

 

Трпана го тужи Трпе за неверство:
- Господине судија, мојот маж ме изневерува, затоа сакам развод.
- А, вие сте го виделе со друга?
- Не, ама слушнав.
- Е, тоа не се важи, треба да го фатите на дело.
Трпана се изнервирала кога сфатила дека нема шанси да го убеди судијата и затоа прднала колку што може силно.
- Срам да вие, ова е некултура и затоа ќе платите казна.
- Не бев јас господине судија, ме видовте ли вие?
- Не ве видов, ама слушнав.

 

- Во шарена камара црн бумбар брчит.

- Одговор: Црква и поп

 

Се враќа Трпе од работа, влегува дома и ја гледа Трпана со спремни торби:
- Кај си се спрмила ма Трпано?
- Одам за Америка, слушнав дека таму даваат по 50 долари за тоа што јас тебе ти го давам џабе.
- Е баш ме занима да видам како мислиш да живееш во Америка со 50 долари месечно.

 

Влегуваат малиот Трпе со татко му во продавница. Трпе до касата забележува едни чудни мастики.
- Тато ај купи ми од овие.
- Не сине тоа се кондоми, ги користат машките кога ќе пораснат, за да имаат сигурен секс.
- А зошто се овие спакувани по 3 во една кутија?
- Тоа се кондоми за средношколци, едно за петок, едно за сабота и едно за недела.
- А овие што се спакувани по 6?
- Тоа се за студенти, по две во петок, две во сабота и две во недела.
- А овие по 12 во опаковка?
- А тоа сине ти е за женети, едно во јануар, едно во февруар, едно во март...

 

Трпана се мажи по четврти пат, и тоа со Трпе. Гледа Трпе и се чуди:
- Како ма ти три пути мужена, а невина!
- Е, како, првиот ми беше Турчин, ќе му замешам, ќе му поиграм и овој ќе сврши. Оној вториот еден Француз само на лижење мислеше. А третиот што да ти кажам еден СДСМ-овец, и само викаше "на 15 септември", и така си останав...

 

Влегува Трпе кај забар и му вели:
- Колку ти е вадење?
- 500 денари.
- А без анестезија?
- Така, 350 денари!
- Добро тогаш, само откорнете го и готово.
- Браво, би било добро сите мои пациенти да се вака храбри. Кажете ми за кој заб се работи.
- Трпано, кажи му кој заб те боли!

 

 - Како на англиски ќе кажете дека во недела бабата нема да ви дојде на ручек?

 - Јес!!

 

Вардар - Барселона играат на градски во лига на шампиони. Слободен удар за Барса на 25 метри. Роналдињо ја мести топката, а Колина дотрчува до нашиот жив sид.
- Момци, абе што сте се свртеле сите накај голманот?
- Па и ние сакаме да го видиме голот!

 

 - Која е разликата помеѓу поранешните и денешните штркови?

 - Порано штрковите носеа деца, а денес грип.

 

Трпе живеел на село и еден ден си нашол жена.
Ја шетал по нивите и и објаснувал. Она е шталата на комшијата, нашата нива е до онде..., и тогаш пролетал некој гавран.
- А кога ќе видиш гавран, веднаш покриј ги очите да не ти ги исколва, гавраните се лоши птици.
Утредента Трпана си копала по нивата, кога пролетал гавран. Оваа брзо ги покрила очите и главата ја бутнала во сеното за секој случај. Проаѓал тогаш комшијата Ставре и кога ја видел Трпана натртена не можел да одолее на ситуацијата, и и го бутнал.
И тогаш Трпана:
- Копај птицо, копај, ама до очите нема да стасаш!

 

Отишол Трпе на доктор:
- Докторе, морам да ти кажам дека сум многу болен, мислам дека за мене повеќе нема шанси... што мислиш ти, може ли некако да ми помогнеш?
- Трпе, мораш да одиш на бања и да почнеш да се мачкаш со кал!
- Леле докторе, а мислиш ли дека тоа може да ми помогне?
- Па не баш, али тоа ти е добра прилика да почнеш да се привикнуваш на земја.

 

На Трпе му било тешко на душата па отишол да се исповеда
- Попе многу ми е тешко, ја изнерувам жена ми!
- Колку пати си го направил тоа?
- Види попе, овде дојдов да се исповедам, не да се фалам!

 

Трпе имал запек. Два саати седел на шоља и стенкал. Наеднаш снемало струја.
- Лелеее, Трпанооо, помагаааај!
Ете ја Трпана дотрчува.
- Добро бре што си се раздрал толку како мало дете си, снема струја и одма врескаш!
- Снемало струја!?...Уф...јас помислив дека ми испаднаа очите

 

Трпана полага возачки пред комисија.
- Госпоѓо што ќе се случи кога ќе ја подигнете левата нога.
- Тогаш го отпуштам квачилото!
- Добро, а кога ќе ја дигнете десната нога?
- Тогаш го отпуштам гасот.
- Добро, а што ќе се случи кога ќе ги дигнете двете нозе?
- Е изгледа дека тогаш ќе положам!

 

Трпе кај доктор.
- Трпе ти не можеш да имаш деца, едното јајце ти е дрвено, а другото метално.
- Врска немаш докторе, јас веќе имам две деца, едното ми е второ одделение и се вика Пинокио, а второто работи во втора полициска станица и се вика Робокап.

 

Се враќа малиот Трпе од психолог и ги начекува родителите како орално се забавуваат.
- Еееее, значи колку сте дволични, мене ме праќате на психолог зошто сум си го цицал прстот!?

 

 - Зошто мажите никогаш не ја пуштаат машината за перење алишта?

 - Затоа што нема даљинско!

 

 - Зошто мажите се загрижени за големината на половиот орган?

 - Затоа што треба да бидат!

 

Се сретнале Американец, Турчин, Французин и наш Трпе, и си се фалат:
- Американецот: Ние си ја имаме ЦИА, таа се дознава на време.
- Французинот: Ние си имаме прекрасни девојки, толку секси, толку слатки...
- Турчинот: А ние си имаме прекрасни килими, толку се убави и скапи што сите ни завидуваат!
- Трпе: Е јас вчера работев една французинка на турски килим, а ЦИА врска немаше!

 

Убав сончев есенски ден. Излегол Трпе со своето мало синче да се прошетаат низ парк. Шетајќи така, цело време покрај нив поминувале млади згодни девојки и Трпе едно време не можел да се воздржи па прокоментирал:
- Аууу, ама згодна пичка.
- Шо рече тато?
- Реков ама згодна птичка.
- А, каде е птичката тато?
- Ене ја на дрво.
- А, каква птичка е тоа тато?
- Канаринец сине.
- А која боја е канаринецот?
- Жолта.
- А, целиот е жолт?
- Не е, крилата му се црвени.
- А, зошто има црвени крила тато?
- Па, затоа што јаде стоногалки.
- Тато, а стоногалките стварно имаат сто нозе?
- Не баш сто, ама имаат многу нозе.
- Колку многу тато?
- Сине реков пичка...

 

Се возел Трпе со уште двајца другари во Југо и ги сопрела полиција:
- Момци, возевте 150 км на час и затоа ќе мора да платите казна 3.000 денари.
- Немогуче, па југово не иде 150.
- Вака, може да се договориме, ако на вас тројцата должината на патлаците ви е 40 сантиметри ќе ве пуштам и не мора да платите казна.
Трпе и другарите ги извадиле и кога ги измериле сите тројца...точно 40 сантиметри. Ги пуштил полицаецот да си одат и тогаш едниот од нив рекол:
- Е момци да не ми беше мене долг 16, ништо не
правевме.
- Што збориш бе, а мојот да не беше 20?
Тогаш Трпе задоволно констатирал:
- Ај бе не се занесувајте многу, а да не ми се дигнеше мене сега ќе требаше да се опрчиме три илјадарки.

 

Се расправаат две плавуши:
- Зошто мори спиеше со мојот маж?
- Па да видам кој е бољи, мојот или твојот.
- Глупачо една, можеше мене да ме прашаш.

 

Одат две плавуши по улица и едната од нив наоѓа огледало. Го кренала таа огледалото гледа во него и вика:
- Еј, ја знам женскава од негде. Сум ја видела и порано.
Другата плавуша и го зема огледалото, гледа во него, па одговара:
- Е, што си глупа, нормално ти е позната, па јас сум

 

Оди татко му на Игорче во школо на родителска и класниот му го дава извештајот со оценките. Го зема таткото извештајот кога што ќе види, кец математика, кец македонски, кец музичко, кец географија... Се фаќа тој за глава и извикува:
- Леле, па син ми ќе ја падне годината!
- Ај се кладиме по 200 евра дека нема. - му вика класниот.

 

Се јавува работникот на работа.
- Шефе, а бе денес не ми е добро, нешто глава ме боли па нема да дојдам на работа.
- Слушај вака, кога мене ме боли глава, рипам на жената, за саат време сум ко нов, и си доаѓам на работа така свеж.
Ете ти го работников после саат време се појавува на работа.
Шефот:
- А, кажи како функционира?
- Да бе шефе, алал да и е на жена ти!

 

Трпе отишол во Бугарија на шопинг. Ја паркирал колата, и на шофер шајбната напишал "внатре нема ништо вредно".
Кога се вратил од шопинг, што ќе види, колата обиена, скршени џамови, внатре се испретурено и нашол едно ливче на кое пишувало:
"Јас сум должен да проверам.!"

 

Играат фудбал слонови и глувци, на крај еден слон вика
"Извинете ако игравме грубо.."
- Глушецот се насмевнува и вика
"Ништо, ништо, и ние се буткавме.

 

 - Кое е вистинското прашање за безбеден секс?

 - Кога се враќа маж ти?

 

Оди плавуша по улица и сретнува некое дете и го прашува "Абе дете ти кое одделение си?" и детево одговара "шесто" и плавушава бесно му враќа "а да бе седумсто веќе...

 

 - Го прашале Трпе дали е подобро да си глуп или убав.

 - Па подобро е да си глуп, убавината е минлива работа.

 

Трпе продавал мед на пазар. Поминала некоја бабичка и... - Синко, колку ти е медов? - 250 денари! - А море синко, многу скапо го продаваш? - Е па од пчели е, јас да ја полнев теглава ќе ти го дадев поевтино! 

 

Си оделе двајца дедовци пешки накај Зелено пазарче и едниот го прашал другиот:
- Па, како си ти?
- Ех, како би бил, ме болат коските, ме боли грбот, нозете, рацете...а ти?
- Ја да ти кажам се осеќам како новороденче?
- Како бе така?
- Е така, немам коса, немам заби, а си купив и пелени зошто вчера сабајле се измочав во гаќи!

 

Влегува Трпе во аптека и бара да купи две апчиња вијагра:
- Добро бе Трпе, шо ќе ти се две, доволно ти е само
една.
- Ма, дај сега кога ти викам две.
- Добро еве ќе ти дадам две, ама кажи жити се, зошто баш две?
- Види, вечер ќе ми дојдат две јаки риби, ќе имаме романтична вечера, а после тоа знаеш, мора да падне жесток секс, е затоа ми требаат два комада, сега јасно ти е?
Му продал аптекарот две вијагри, а утредента еве ти го пак Трпе:
- Дајте ми брзо крема за раце!
- Што се случи вчера бе Трпе, што ќе ти е сега крема за раце.
- Знаеш што ќе ми е, вчера не дојде ни една.

 

Трпе ја купил најновата Мазда, и ја возел низ Скопје. Шибал Трпе по Македонски Булевар и на сиот глас викал:
- Има ли некој ваква колааааааа!!
Врти Трпе уште еден круг по Македонски булевар:
- Абе има ли некој ваква колааааааа!!
На еден тип му пукнал филмот и се развикал:
- Јас имам бе таква кола, па што!
- А бе кажи како се кочи !?

 

- Што прво учи малиот еским во животот?

- Да нејаде жолт снег!

 

- Што му вели мајката на своето дете крадец кога мора да оди на суд?

- Најважно е ова: Ако не си крадел - не си, ако си крадел - не си крадел.

 

- Колку пати плавуша се смее на еден виц?

- Трипати: Првиот пат штом го чуе, вториот пат кога ќе и го објаснат и третиот пат кога ќе го разбере.

 

  • Господине, овде не смеете да ја оставите колата.

  • Зошто?

  • Оттука ќе поминат министри.

  • Бидете спокојни, ја осигурав колата од кражби.

  •  

    - Зошто плавуша не сака да го дои своето бебе?

    - Затоа што многу ја боли кога го подгрева млекото!

     

  • Купува селанец мерцедес од една автокуќа и просто излудел од нервоза кога ја слушнал цената на дополнителната опрема, која во автомобилот не била сериска. Но сега доаѓа сопственикот на истата автокуќа кај него да купи крава за својата мала-хоби фарма. Селанецот му направил предлог цена:

  • 1. Крава основен модел - основна цена 2000 евра.

  • 2. Боја (црна или бела) дополнителни 150 евра.

  • 3. Кожена површина 100 евра.

  • 4. Четири приклучоци за молзење (12,5 евра по парче) вкупно 50 евра.

  • 5. Два одбојника со свиткани краеви, 15 евра по парче значи 30 евра.

  • 6. Мавталка против муви, полуавтоматска 30 евра.

  • 7. Отпаден катализатор, здрав за околина 30 евра.

  • 8. Такса за сите видови терени 100 евра.

  • 9. Двосистемски сопирачки систем (предна и задна нога) 100 евра.

  • 10.Очи, халоген 160 евра.

  • 11.Можност за користење разни видови горива 150 евра.

  • Вкупно 2900 евра.

  •  

  • Го прашува синот таткото:

  • Што е всушност политика?

  • Таткото вели: Тоа барем е едноставно. Гледај, јас носам пари, значи јас сум капитализам. Мама располага со парите, таа е значи влада. Дедо гледа се да биде уредно распоредено, значи тој е држава. Слугинката е работничката класа. Единствена цел, значи е да ти биде тебе добро, значи ти си народ. Помалиот брат, кој е уште во пелени, е нашата иднина.

  • Синот се замислил, па му вели на таткото: Ќе преспијам една ноќ за да можам за тоа да размислам. Среде ноќ го разбудило плачењето на помалиот брат, кој ги наполнил пелените. Бидеќи не знаел што да прави, тргнал кон собата на мајка му. Таа спиела како заклана. Тргнал кон собата на слугинката и гледа, татко му прави некои необични движења во нејзиниот кревет. Погледнал кон прозорецот и го видел дедо му како со уживање гледа што се случува. Видел дека никој не го рецка, ниту му гајле за неговата мака, па се вратил во креветот. Следното утро, татко му го викнал и го прашува дали сега му е јасно што е тоа политика?

  • Како да не, јасно ми е како ден - рекол синот:

  • Капиталистите ја злоупотребуваат работничката класа, додека државните органи гледаат, а владата спие, народот е тотално запоставен а иднината е цела укакана.

  •  

  • Наставничката ги праш